Некогашниот шампион само чудо може да го спаси од испаѓање, но ја одби оставката на тренерот

Фудбалскиот клуб Монпелје ја одби оставката на тренерот Жан-Луј Гасе и покрај катастрофалните резултати.

По натпреварот против Сен Етјен кој беше прекинат при резултат 0-2 поради незадоволството на домашните навивачи кои фрлаа бакљии на теренот, тренерот Жан-Луј Гасе беше подготвен да замине.

И самиот искусен стратег по натпреварот изјави дека нема надеж за опстанокот бидејќи, Монпелје е последен на табелата со само 15 бодови, осум помалку од Ремс, кој е прв над опасната зона.

Но, првиот човек на клубот Оливие Николи ја одби можноста Гасе да замине пред крајот на сезоната.