Ѓоковиќ исплашен да не му се случи уште еден дебакл – овој пат во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ вечерва, нешто по 20 часот, треба да го започне својот прв натпревар на Мастерсот во Мајами против Ринки Хиџиката, во пресрет на кој најдобриот тенисер на сите времиња не е целосно задоволен од подготовките за овој меч од второто коло (во првото беше слободен).

За време на тренинг-сесијата, камерите го уловија како разговара со член од својот тим, а неговите зборови не звучеа охрабрувачки. Пред полни трибини, Ѓоковиќ јавно го изрази своето незадоволство од формата.

„Овие денови, само добриот сервис ме спасува. Само добриот сервис ме држи во размените и во контакт со реалноста“, беа зборовите на српскиот тенисер непосредно пред изведувањето на удар на тренингот.

По повлекувањето во полуфиналето на Австралија Опен против Александар Зверев, Ѓоковиќ одигра два турнира, но на двата беше елиминиран по првиот меч. Во Доха загуби од Матео Беретини, а во Индијан Велс од Ботик ван де Зандшулп.