Мексикански клуб во кој игра Хамес Родригез, исфрлен од Светското клупско првенство

Фудбалскиот клуб Леон од Мексико денескка официјаално е исфрлен од Светското клупско првенство кое својата инаугурација треба да ја има претстојното лето во САД.

Причина за тоа е прекршувањето на правилото на ФИФА околу сопственоста на клубовите кое Леон не го регулирал. Групацијата која е сопственик на Леон е ко-сопственик на уште еден мексикански клуб Пачука, па само еден од нив може да учествува на новоформираното натпреварување на ФИФА.

Прв на ова алармираше костариканскиот прволигаш Алахуеленсе, уште пред да бидат одредени учесниците на Светското првенство, но сугестијата на овој клуб не беше земена предвид и Леон се најде на списокот, како освојувач на КОНКАКАФ Лигата на шампионите за 2023 година.

ФИФА денеска официјално објави дека Леон, чиј член е и колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез, нема да учествува на Светското клупско првенство, а кој ќе го замени, ќе се знае наскоро.