Конечно драмата доби епилог: ПСЖ официјално соопшти што ќе се случи со Нејмар!

Иако навивачите на ПСЖ се надеваа дека Нејмар ќе успее да се врати на теренот за реванш средбата во осминафиналето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид на шести март, сепак тоа нема да се случи.

Бразилецот во средбата против Марсеј доби тешка повреда. Медиумите пишуваа дека ПСЖ ќе се обиде да го излекува без да го испрати на лекар, но на крајот одлучија да го испратат на хирург зашто не сакаат да ризикуваат.

„По првиот третман во траење од три денови, со строг медицински протокол, медицинските тимови на ПСЖ и Бразил донесоа заедничка одлука. Во договор со играчот е одлучено да биде испратен на операција во Бразил на крајот на оваа недела. Ќе го оперира др. Родриго Ласмар, а тука ќе биде и проф. Сајлант како претставник од ПСЖ“, соопштија од ПСЖ.