Мајсторија на Паз од слободен удар, Комо го уништи Лацио (ВИДЕО)

Фудбалерите на Комо триумфираа со 2-0 против Лацио, додека Фиорентина ремизира (1-1) против Калјари на стартот на италијанската Серија А.

Комо одигра одличен натпревар против Лацио и доминираше на теренот, односно создаде голем број шанси, а две од нив ги искористија Дувикас и Паз во второто полувреме.

Фиорентина прокоцка триумф против Калјари во завршницата од мечот, иако имаше водство со погодокот на Мандрагора од 68. минута, но во четвртата минута од судиското надополнување на вториот дел Луперто погоди за 1-1.