
Пак ќе има дебата за судењето во Шпанија: Реал поведе по сомнителен старт на Чуамени (ВИДЕО)
Причина за тоа е стартот што ѝ претходеше на реализацијата на Французинот, од неговиот сонародник Орелиен Чуамени. При еден дуел на средината на теренот, Чуамени стартуваше врз противнички фудбалер при што прв го удри по ногата, а потоа ја допре топката и му ја одзеде.
Таа дојде до Ѓулер кој го програ Мбапе, а овој фантастично се ослободи од противничката одбрана и ја затресе мрежата. Главниот судија не сакаше воопшто да разговара за ситуацијата, од ВАР собата дојде сигнализација дека стартот се разгледува, но на крајот голот беше признат.