Пелистер 2 со пресврт го реши Прилеп за трофеј на турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Пелистер 2 триумфираа против Прилеп со 32-26 во финалето на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и го освоија пехарот.

Прилепчани беа подобри во првото полувреме и заминаа на паузата со 17-16, меѓутоа тимот од Битола се разигра во вториот дел и ја презема контролата, па славеше со 32-26.

Третото место му припадна на Пролет, кој триумфира против Тиквеш по изведување на пенали со 29-27.