Чаби Алонсо остана на зборот - го остави Винисиус на клупа

Кога беше назначен за нов тренер на Реал, Чаби Алонсо изјави дека на никого не му е загарантирано местото во тимот, без разлика како се вика и каков придонес имал во минатото.

Веќе во второто коло од Ла Лига, својата најава ја оствари бидејќи денеска, за дуелот против Овиедо, на клупа го остави ланскиот кандидат за Златната топка, Винисиус. Во нападот, од почетокот ќе бидат Мбапе, Родриго и 18-годишниот Мастантуоно што веројатно претставува порака и за Винисиус за продолжението од сезоната,

Последниот натпревар на кој Винисиус не бил повреден или суспендиран, а не добил шанса во стартната постава е дуелот против Еспањол на 21 септември минатата година кога Реал славеше со 4-1.