
Прва „петарда“, прв хет-трик во Ла Лига (ВИДЕО)
„Жолтата подморница“ со тоа стана прва екипа во шпанскиот шампионат оваа сезона кој постигнал пет гола на еден меч и со вкупна гол-разлика 7-0 застана на чело на табелата. Работата беше решена уште во првото полувреме во кое Виљареал реализира четири од своите пет гола.
Херој на мечот беше канадскиот Тејжон Бјуканан кој три пати ја затресе противничката мрежа и стана првиот играч со хет-трик во Ла Лига оваа сезона. Останатите два гола беа дело на Пепе и Марин.