
Фернандеш не искористи пенал: Јунајтед освои само бод против Фулам (ВИДЕО)
Двете екипи имаа по неколку шанси на стартот, а најголемата можност за водство ја добија „црвените ѓаволи“ во 38. минута кога Бруно Фернандеш промаши пенал.
Радост за гостинскиот тим, сепак, донесе Лени Јоро во второто полувреме, но Фулам успеа да го возврати ударот и преку Смит-Роу успеа да го матира Бајандир.
Јунајтед има еден бод на 16. позиција по две одиграни кола, додека Фулам е на 13. место со два поени.
Фото: Facebook/Manchester United