
Мазари промаши цел гол од пет метри: Шкендија ремизира со Арсими (ВИДЕО)
Арсими беше подобар на теренот во воведниот дел од мечот, додека Шкендија ја имаше посериозната шанса во 33. минута преку Цаке.
Шкендија во вториот дел заигра подобро и го напаѓаше голот на Арсими, но не успеа да ја пробие одбраната, додека најголемата шанса ја имаше Атхе Мазари во 72. минута кога од пет метри промаши цел гол.
По три одиграни кола во Првата лига, Шкендија се наоѓа на трето место со седум бодови, односно два помалку од Силекс и Струга.
Фото: FC Shkendija/Facebook