Валенсија остана со празни раце во Памплона: Будимир ја израдува Осасуна (ВИДЕО)

Фудбалерите на Осасуна со минимални 1-0 триумфираа против Валенсија во второто коло од шпанската Ла Лига.

Анте Будимир беше стрелец на единствениот гол на натпреварот, откако во деветтата минута го матира голманот на „лилјаците“ за конечни 1-0.

Македонскиот голман Столе Димитриевски беше резерва и остана на клупата до крајот на натпреварот.

Валенсија во воведните две кола запиша едно реми и еден пораз, па нема најдобар старт на Ла Лига.

Фото: facebook/Club Atlético Osasuna