Коларов се врати во Интер, ама како асистент

Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов се врати во Интер и во новата сезона ќе му биде асистент на Кристијан Киву.

Во клубот од Милано, тој ја заврши кариерата во 2022 година, лани беше промовиран во селектор на У21 репрезентацијата на Србија, а сега првпат ќе работи во сениорска конкуренција, макар и како помошен тренер. Тој е добро познато лице на Апенинскиот полуостров каде како фудбалер играше уште за Лацио и Рома и во Серија А помина вкупно осум сезони.

Двајцата балканци на клупата ќе се обидат да го вратат Интер на шампионските патеки откако претходната сезона Интер во последното коло ја загуби титулата во Серија А. Прва задача ќе им биде претстојното Светско првенство кое викендов почнува во САД.