Манчестер јунајтед го потврди мега засилувањето од 73 милиони евра

Манчестер јунајтед го потврди трансферот на Матеус Куња од Вулвс, Црвените ѓаволи за да го добијат овој фудбалер платија нешто повеќе од 73 милиони евра.
 

Веќе некое време беше познато дека Куња ќе биде фудбалер на Јунајтед, а од денеска тоа е и официјално.

„Манчестер Јунајтед со задоволство може да потврди дека трансферот на Матеус Куња од Вулверхемптон е комплетиран. 26-годишниот Бразилец потпиша договор со трајност до јуни 2030 година со опција за уште една сезона“, стои во соопштението на клубот.

Фудбалерот е пресреќен што ќе заигра за легендарниот англиски клуб.

„Тешко е да се најдат зборови за да го опишам моето чувство што станав фудбалер на Манчестер Јунајтед. Уште од дете во Бразил ги гледав мечевите од Премиер лигата на ТВ во куќата на баба ми, Јунајтед ми беше омилен клуб и сонував да го облечам црвениот дрес“, рече Куња.