Кој има 51 гол и 18 асистенции од 18 меча во новата сезона?

Ако некој се прашуваше дали се исплати неконтролираното трошење на ПСЖ за засилувања, одговорот стигнува во бројки. Последната е „седмица“ – во мрежата на Селтик.

Веќе не е чудно, ако ПСЖ постигне шест, седум гола, затоа што напред го има неверојатното трио Мбапе-Кавани-Нејмар. Незапирливата офанзива на ПСЖ досега оваа сезона постигна дури 55 гола заедно, а на нив додаде и 18 асистенции. Сето тоа на 18 натпревари. Остатокот од тимот има постигнато 12 гола!

Ако гледаме по играч, најефикасен е Кавани со 21 погодок, плус две асистенции на 18 натпревари. Нејмар го следи со 13 гола и осум асистенции на 14 натпревари, а за 13 меча Мбапе запишал по седум гола и асистенции.

Триото веќе почнаа да го нарекуваат популарно М-Ц-Н, по првите букви на нивните презимиња, по примимерот на М-С-Н, Меси-Суарез-Нејмар од Барселона.

Како што тргнале, М-Ц-Н лесно ќе ги стигнат и М-С-Н, кои во својата прва сезона импресионираа со 122 гола и 66 асистенции.