Кој чека ќе – дочека: Украинец по скоро 1.000 дена конечно ќе дебитира за Реал Мадрид!

Украинецот Андриј Лунин во таборот на Реал Мадрид дојде во јуни 2018 година и оттогаш нема станато од клупата, но речиси е сигурно дека по скоро 1.000 дена од доаѓањето на „Сантјаго Бернабеу“ дојде време и тој првпат да го облече дресот на „кралевите“.

Голманот, кој во таборот на мадриѓани дојде за сума од 8,5 милиони евра, прво беше позајмен на Леганес, а потоа и на Валјадолид, но во овие два клуба вкупно пет пати се најде на гол-линијата, по што и третпат беше даден на заем и тоа во овиедо. Таму имаше поголема минутажа и позначајна улога во екипата, поради што тренерот Зинедин Зидан реши да го врати во првиот тим на Реал Мадрид и да најави негово деби на утрешната пресметка од Купот на Кралот против Алкојано.

Францускиот стратег најави многу промени во составот за овој дуел, во кој „кралевите“ се апсолутни фаворити.