Клоп со честитка: Ц. Звезда освои три бода, а ние останавме со празни раце!

Вечерва Црвена Звезда направи големо изненадување откако го победи Ливерпул со 2-0 во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а по дуелот зборуваше тренерот на гостите, Јирген Клоп.

Клоп им ја честиташе победата на домаќините и ја пофали одличната атмосфера во текот на сите 90 минути.

„Не можам да кажам дека една работа не беше како што треба бидејќи имавме 10 шанси, но не искористивме ниту една, а потоа првио гол нè пресече. Вториот гол дојде од никаде и бевме во лоша психичка позиција, но  не успеавме да направиме ништо, иако доминиравме. Им честитам на домаќините за победата, тие ги освоија трите бода, а ние останавме со празни раце“, кажа Клоп.

Тренерот на Ливерпул кажа дека двојниот стрелец Павков ги изненадил

„Павков е одличен напаѓач. Мислам дека со вториот гол се изненади и себеси, но и нас. Не очекував да постигна два гола. Му честитам за одличниот настап“, кажа германскиот тренер.