Клоп поставил (не)возможен услов за да го преземе кормилото на Реал Мадрид

Шпанскиот гигант Реал Мадрид нема најдобра сезона, па веќе испадна од шпанскиот Куп и загуби во финалето на Суперкупот, а управата реши да му даде шанса на Алваро Арбелоа до крајот на сезоната, по што ќе ангажира нов тренер и тоа би можел да биде Јирген Клоп.

Германецот веќе еднаш ги одби „кралевите“, и тоа по отказот на Чаби Алонсо, но медиумите пишуваат дека Клоп е подготвен да го преземе шпанскиот тим, меѓутоа за тоа поставил (не)возможен услов пред управата на екипата.

Англиски медиуми пишуваат дека Клоп барал да биде продаде Винисиус Жуниор, затоа што не му се допаѓа неговиот стил на игра, а веќе избрал и замена за него.

Клоп сака да го замени Бразилецот со фантастичниот фудбалер на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс кој претходно беше блиску до трансфер во Барселона.