Федерер го избра својот фаворит за освојување на Австралијан опен
Алкараз досега имаше извонредни резултати, а успеа да освои два пехари на Вимблдон, два на Ролан Гарос и два на Ју-Ес Опен, додека во Мелбурн сè уште не успеал да го крене трофејот.
Федерер во 2004 година успеа да освои три од четири гренслем-титули, а се надева дека Алкараз ќе успее да ги освои сите четири престижни турнири во една година и така да испише историја во спортот.
Главни фаворити на турнирот во Мелбурн се Алкараз и Јаник Синер, додека Новак Ѓоковиќ од „сенка“ ќе лови уште еден гренслем-трофеј.