Пресврт на сезоната: Орландо од -20 до победа (ВИДЕО)
Тимот од Флорида го победи Мемфис со 118-111 откако заостануваше со дури 20 поени во втората четвртина (52-32). Штом Гризлис стигнаа до +20, почна серијата на Орландо со што беше најавен големиот пресврт. Меџик направи две серии по 13-0, една во втората, а една во третата четвртина и на тој начин стигна до победата.
Мемфис успеа да се врати од шокот, дури и да поведе во последната четвртина, но на крајот Орландо сепак ја однесе победата.
Паоло Банкеро беше играч на натпреварот со 26 поени и 13 скока, а имаше поддршка од Ентони Блек со 21 поен и седум асистенции и Франц Вагнер со 18 поени и девет скока. На другата страна, Џарен Џексон имаше 30 поени, Санти Алдама 18 и Седрик Кауард 17.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс - Шарлот 117-135
Голден Стејт - Њујорк 126-113
Портланд - Атланта 117-101
Далас - Јута 144-122
Сан Антонио - Милвоки 119-101
Хјустон - Оклахома 91-111
Мајами - Бостон 114-119
Детроит - Феникс 108-105
Орландо - Мемфис 118-111