Блесок на Рабио, Милан останува во борбата за титулата (ВИДЕО)

Адриен Рабио го одигра својот најдобар натпревар последните години и е најзаслужен што Милан со пресврт дојде до исклучително важни три бода во борбата за титулата во италијанското првенство.

„Росонерите“ славеа со 3-1 на гостувањето кај Комо што ги одржа на три бода негатива во однос на лидерот и градски ривал Интер. До денешниот меч Рабио имаше само еден постигнат гол во Серија А, а вечерва два пати ја тресеше мрежата на Комо и тоа за головите кои го комплетираа пресвртот.

Домаќините поведоа уште во десеттата минута преку Кемф, а којзнае како ќе се одвиваше натпреварот ако не беше фантастично одбраниот зицер на голманот Мењан нешто подоцна. Вториот значаен момент на мечот беше пеналот пред истекот на првото полувреме што во гол го претвори Нкункииу за израмнување на резултатот, за во продолжение од мечот да блесне Рабио и да му донесе победа на Милан.

По 20 одиграни кола, Милан е на второто место на табелата во Серија А, со три бода помалку од Интер и три повеќе од Наполи, а Комо е шестопласиран.