ВАР и Гарсија ја спасија Барса - продолжи победничката серија на „каталонците“ (ВИДЕО)
По триумфот во Суперкупот, јасно беше дека Барса ќе има тешка задача против лидерот во Сегунда, но не и дека ќе се спасува во финишот. Се што беше важно на овој меч, вклучувајќи ги двата гола, се случи во второто полувреме, а малку недостасуваше епилогот да биде сосема поинаков.
По големата доминација, отпорот на домашниот тим го скрши најдобриот стрелец на Барселона оваа сезона, Феран Торес на средината на второто полувреме. Каталонскиот тим потоа се обиде да го „убие“ темпото со бескрајни додавања, но премногу излезе напред и тоа им овозможи на противниците многу слободен простор.
Како последица на тоа, Сантандер постигна два гола, но двата беа поништени поради офсајди, по прегледувањето на ВАР снимките. Последната шанса Сантандер ја имаше во 94. минута преку Лозано кој излезе сам пред Жоан Гарсија, но голманот на Барселона фантастично реагираше и го одбрани неговиот удар. Казната за тоа стигна веќе во следниот напад кога Ламин Јамал со гол ја круниса одличната акција.
Ова беше 11. победа по ред на Барселона која в недела ја очекува тешко гостување кај Сосиедад во новото коло од Ла Лига.