Магичен пресврт на Звезда, голема победа во Милано
Белградскиот тим успеа да му се одмазди на противникот и да дојде до победа, а сето тоа по брутална четврта четвртина, во која „црвено-белите“ надоместија -12, ја добија четвртината со 34-14 и забележаа победа. Џордан Нвора ги предводеше црвено-белите до победа со 22 поена и четири скока, додека Џаред Батлер и Чима Монеке имаа по 18.
Црвена Звезда остана на 10. место во Евролигата со 12 победи и 10 порази, додека Армани е 11. со 11-11.
РЕЗУЛТАТИ
Дубаи - Виртус 72-80
Анадолу Ефес - Басконија 75-89
Баерн - Панатинаикос 85-78
Макаби - Жалгирис 100-97
Олимпија Милано - Црвена Звезда 96-104
Париз - Монако 87-95