Убиствен старт на Норвешка, Германија не дозволи изненадување

Репрезентацијата на Норвешка ја оствари најубедливата победа на првиот ден од Европското првенство.

На домашен терен, во Осло, Норвежаните ја понижија Украина, совладувајќи ја со 39-22 во меч кој донесе атракции, на задоволство на присутните на трибините. „Гостите“ се одржуваа во игра само во првите осум минути, односно до 3-4. Во следните четири минути, Норвешка направи 6-2 и поведе со пет гола разлика за пред крајот на полувремето да отиде на 19-10. Убедливата игра на домашната селекција продолжи и во второто полувреме, а највисоката предност на Норвешка изнесуваше 18 гола.

Патрик Андерсон Александре Блонц со по седум гола беа најефикасни во норвешката репрезентација, а Турченко ја предводеше Унгарија со пет

Многу понеизвесно беше во дуелот меѓу Германија и Австрија кој „панцирите“ го добија со 30-27. Иако Германија постојано беше во водство, репрезентацијата на Австрија се доближи на два гола негатива, на шест минути пред крајот (24-26), но не успеа да направи целосен пресврт.