Димитријевиќ подобар во дуелот на македонските репрезентативци во Евролигата
Натпреварот во Минхен беше интересен и за македонската кошаркарска јавност бидејќи тоа беше директна пресметка на нашите репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс. Триумфираше Димитријевиќ кој имаше и подобар ефект од својот репрезентативен колега.
Македонските репрезентативци поминаа на теренот околу 21 минута, Димитријевиќ постигна девет поени, пет асистенции и два скока, а Шортс имаше осум поени, три асистенции и два скока.
Баерн се уште е далеку од местата кои водат во плејинот што е последица на лошиот старт на сезоната. Од друга страна, Панатинаикос го губи чекорот со водечките екипи откако денеска го претрпе третиот пораз во последните четири кола.