Димитриевски го сочува голот - Валенсија е во четвртфиналето од Купот
Со македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски во почетната постава, тимот од Местаља славеше на гостувањето кај второлигашот Бургос со 2-0. Рубо во десеттата минута го отвори резултатот, а Умар Садик во вториот дел стави точка на мечот.
Димитриевски беше мошне сигурен на голот и се уште е без пораз како стартен голман на Валенсија, на трите меча оваа сезона.