Виртус подобар од Дубаи, Басконија го реши Анадолу Ефес
По израмнетата прва четвртина, Виртус Болоња направи исчекор во вторите 10 минути и на паузата замина со 41-37.
Италијанскиот тим дополнително ја зголеми предноста во третата четвртина, по што Дубаи притисна на стартот на последниот дел од мечот и поведе со 65-63. Сепак, Виртус се разбуди, па со одлична игра во завршницата славеше со 80-72.
Најефикасен кај Виртус беше Едвардс со 21 поен, еден скок и четири асистенции, додека Аврамовиќ постигна 17 поени, пет скокови и две асистенции за Дубаи.
Анадолу Ефес го доби првото полувреме против Басконија со 42-40, а добро се држеше и во третата четвртина по што во последните 10 минути влезе со предност од еден поен, но шпанскиот тим се разигра во финишот и успеа да слави со 89-75.
Фото: Facebook/Virtus Bologna