
Кејн одговори на гласините кои го поврзуваат со враќање во Тотнем
Хари Кејн уште еднаш потенцираше дека е многу среќен во Баерн Минхен и сега размислува само за настапите во германскиот гигант.
„Не сум сигурен дека ќе се вратам. Многу сум среќен во Минхен. Па враќање не е нешто за кое размислувам. Целиот мој живот го поминав во Тотнем и секогаш тие за мене ќе бидат „ние“. Јас сум нивни фан и секогаш ќе ги следам. Секогаш ќе бидат дел од мојот живот, но сега сум тука во Минхен и ми се допаѓа“, вели Кејн.
„Беше убаво да се види победата на Тотнем во Лига Европа. Имам многу пријатели таму и меѓу играчите и меѓу персоналот. Долго чекавме во минатото, па ова беше важно за сите, за навивачите, клубот и сите кои се вклучени. Се надевам дека ќе продолжат да победуваат“.