
Ибрахимовиќ: 50.000 навивачи во Рим ме навредуваа, а јас барав да бидат погласни!
Ибрахимовиќ се присети на деновите поминати во дресот на Милан, но и на еден од најтешките денови во кариерата, кога во Рим го навредуваа 50.000 навивачи.
„Засекогаш ќе бидам навивач на Милан. Се сеќавам на мечот во Рим, 5.000 луѓе ме навредуваа по голот. Се преправав дека не ги слушам и барав да бидат погласни затоа што тоа ме полнеше со енергија. Кога и да бев на теренот и слушнев расистички повици, играв сè подобро“, раскажува Ибрахимовиќ.