Барса го мерка Влаховиќ како замена за Левандовски

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ идната сезона би можел да го предводи нападот на Барселона ако се остварат денешните најави од Италија и Шпанија.

Двајцата напаѓачи ја играат последната сезона од своите договори со Јувентус, односно Барса, а од двата клуба нема најави за продолжување на соработката. Влаховиќ требаше да си замине уште летоска, но одлучи да го одработи договорот до крај, пред се поради високата плата што му е загарантирана во торинскиот клуб. Барселона не може да му понуди толку, но позитивно за „каталонците“ е тоа што може да го донесе бесплатно што е главна препорака за сите фудбалери за кои се интересира Барса последните години.

Левандовски ја игра четвртата година во Барселона, се уште го има старото чувство за гол, но во клубот му замеруваат тоа што многу често е повреден, каква што е ситуацијата и во моментов бидејќи ќе паузира следните 6-8 недели.