Дончиќ убедил колега од Лејкерс да игра за Словенија?

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ наводно успеал да убеди колега од редовите на Лос Анџелес Лејкерс да го облече дресот на репрезентацијата на Словенија.

Американските медиуми пишуваат дека Дончиќ разговарал со Џексон Хејс и наводно Американецот почнал со собирање на документи за да добие словенечки пасош и да може да игра за репрезентацијата.

Хејс претходно потпиша едногодишен договор со Лејкерс, откако претходната сезона на 56 меча во просек постигнуваше по 6,8 поени и 4,8 скокови.