Сите сакаат да се фотографираат со Ѓоковиќ, па и Шекил Онил (ВИДЕО)

Тенискиот турнир „6 Крала“ што се одржува неделава во Саудиска Арабија привлече големо внимание и од личности кои не се поврзани со овој спорт.

Во Ријад е и некогашната НБА ѕвезда Шекил Онил кој присуствуваше на форумот што ги собира ѕведите од светот на спортот, музиката, филмот, бизнисот итн.

Кога веќе се најде во друштво на Новак Ѓоковиќ, Шек побара и да се фотографира со него, а српскиот суперстар без проблем му ја исполни желбата.