И во Евролигата прават грешки: ПАО ослабен зашто играч има погрешни - шорцеви (ФОТО)

Екипата на Панатинаикос се соочи со несекојдневен проблем на натпреварот со Асвел на домашен терен поради што мораше да игра со 11, место со 12 играчи.

Не настапи грчкиот репрезентативец Никос Рогавопулос кој не доби право да се појави на теренот од бизарна причина. На три минути пред крајот на првото полувреме, Ергин Атаман најави замена, Рогавопулос се пријави на записничката маса, но моментално беше вратен на клупата.

Замената не бее дозволена бидејќи кошаркарот на Панатинаикос имаше различни шорцеви во однос на останатите 11 играчи во тимот. Се работеше за детали, но сепак делегатот не попушти.

Рогавопулос на полувреме во соблекувалната ги промени шорцевите, но Атаман веројатно лут поради грешката не го стави во игра до крајот на мечот.