Македонските ракометарки против Германија ќе ги почнат квалификациите за ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација денеска гостува кај Германија во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах и тоа ќе биде нивниот прв натпревар во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година.

Селекторот Кристијан Грчевски и неговите избранички ќе имаат тежок предизвик на стартот на квалификациите затоа што од 19.30 часот играат против фаворитот во групата.

Македонија последниот меч против Германија го одигра пред повеќе од една деценија, односно во 2014 година кога загуби убедливо со 16-31.

Натпреварот меѓу Германија и Македонија се игра вечерва од 19.30 часот.

Фото: РФМ