Дербито Шкендија - Вардар ќе се игра во понеделник на 27 октомври!

Поради локалните избори во Македонија, викендов кој претстои ќе нема фудбал, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди новите термини за 10. коло.

По барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) нема да има спорт викендов, фокусот ќе биде ставен на локалните избори.

ФФМ за една седмица ги помести натпреварите од 10. коло, а дербито меѓу Шкендија и Вардар е определено да се игра во работен ден. Понеделник од 13.30 часот.

Распоред за 10. коло во ПМФЛ:

Петок 24.10 14:30
Башкими - Шкупи
Тиквеш - Арсими
Сабота 25.10 14:30
Работнички - Македонија ЃП
Струга ТЛ - Брера
Недела 26.10 13:30
Силекс - Пелистер
Понеделник 27.10 13:30
Шкендија - Вардар