Донарума е уверен во пласман на СП: Нема да ни се случи дебакл по трет пат!

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума е уверен дека неговата репрезентација ќе се пласира на Светското првенство (СП) во 2026 година.

„Аѕурите“ во претходниот период лесно ги совладаа Естонија и Израел, но тоа не им го гарантира пласманот на Мундијалот, зашто до крајот имаат уште два меча, а еден од решавачките дуели ќе биде против Норвешка.

Донарума е убеден дека Италија ќе игра на СП, па дури и да треба да го оствари тоа преку бараж.

„Нема да ни се случи дебакл и трет пат. Овој национален тим ќе игра на Светското првенство. Немам сомнеж во тоа“, кажа Донарума.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio