Легендарниот Бенитез ќе работи на Балканот!?

Рафаел Бенитез би можел да се врати на тренерската работа, според грчките медиуми тој е на чекор до клупата на Панатинаикос.

Наводно Бенитез утринава со приватен авион отпатувал во Атина на завршни преговори со големиот грчки клуб.

Бенитез беше тренер на дел од најголемите клубови во светот како Ливерпул, Реал Мадрид, Интер, Челси... Тој ја освои Лигата на шампионите со Црвените во 2005 и играше во финалето на ова натпреварување наредната година повторно.

Со Валенсија двапати беше шампион на Шпанија, а го освои и УЕФА купот. Со Челси ја освои Лига Европа.

Но, од Панатинаикос стигна демант на ваквите информации.

„Во врска со пишувањата кои го поврзуваат Панатинаикос со Рафаел Бенитез, сакаме да кажеме дека тие немаат врска со реалноста и ве потсетуваме дека Панатинаикос има тренер и тој е Кристос Контис“, стои во соопштението на клубот.

Дали Бенитез ќе седне на клупата на зелените, ќе се знае во наредните денови.