
Вилдоса фатил жена за врат, се вклучила и сопругата Милица - двајцата се уапсени!
Кошаркарот со својот автомобил пречел на возило на брза помош на булевар, потоа фатил докторка за врат, неговата сопруга се приклучила и ја фатила жената за коса.
Возилото на брза помош застанало со цел да интервенира на повик и да внесе пациент. Во тој момент дошол автомобил кој бил управуван од Вилдоза кој изнервиран за препреката на патот, најпрво блендирал, а потоа почнал да ги вреѓа луѓето од болчничкото возило.
Инцидентот тука не завршил, кошаркарот и луѓето од брзата помош повторно се сретнале на булевар, на амбулантното возило биле вклучени ротационите светла и сирената. Тогаш Вилдоза почнал да му пречи на возилото за брза помош со кочења пред него се додека брзата помош не била принудена да закочи.
Возачот го прашал зошто го прави тоа, а тој ги обвинил дека го блокирале со тоа што стоеле и си играле игрици на телефон. Потоа нервозно фатил за врат една од медицинските работнички и физички ја нападнал. Во тој момент интервенирале нејзините колеги за да ја заштитат, па се приклучила и сопругата на Вилдоза, Србинката Милица Тасиќ која почнала да ја влече медицинската работничка за коса.
Хаосот бил приметен од полициска патрола која веднаш застанала. Полицајците ги привеле Вилдоса и неговата сопруга во полициска станица, а по сослужувањето двајцата биле уапсени поради напад на медицинско лице.