Вилдоса и сопругата пуштени од притвор по нападот врз медицински персонал!

Кошаркарот на Виртус Болоња, Лука Вилдоса и неговата сопруга Милица Тасиќ предизвикаа скандал во Болоња, откако нападнале медицински персонал, по што полицијата ги уапсила, меѓутоа тие се пуштени на слобода.

Инцидентот се случил по првокациите на Вилдоса, кој потоа физички ја нападнал екипата на брзата помош.

Агенцијата „АНСА“ објави дека Милица и Лука се пуштени од притвор, а Аргентинецот ќе има право на настап во дуелот против Асвел.

„Случајот Лука Вилдоса“ е главна тема во Италија, а кошаркарот бил пуштен од пртивор откако наводно истиот не бил потврден од судијата, па во следните денови се очекува конечен епилог по скандалот.