
Кузмановски горд на играта на својот тим: Овој Пелистер ветува многу
Сепак, битолчани не разочараа, долго време се држеа и остварија релативно добар резултат против еден од најсилните европски тимови. На играта на Пелистер е горд и капитенот Филип Кузмановски кој смета дека ракометарите ги задоволите вкусовите на навивачите.
„За мене Барселона е еден од најсилните клубови во Европа, а Карлос Ортега е врвен тренер. Барса е фаворит за трофејот во секое натпреварување и тешко е да се игра против неа. Има квалитетни играчи, игра меѓу најдобри одбрани и има страшна полуконтра. Мора да бидеме горди како одигравме, затоа што тимот се покажа на ниво. Битолската публика сигурно виде поинаков Пелистер, овој Пелистер ветува многу и треба сите да бидат задоволни. Горд сум на моите момци, одигравме напорен меч и сега мора да се фокусираме на следните дуели“, рече Кузмановски.
Во следното коло Пелистер го очекува уште еден тежок ривал, актуелниот европски шампион Магдебург и тоа на гостински терен.