Ќар од соништата: Зверев во Ријад заработи по 424 долари за - секоја секунда!

Германскиот тенисер, Александер Зверев го заработи најголемиот бонус за поминато време на теренот во тениската историја.

Зверев го загуби својот прв меч на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“ кој се игра во главниот град на Саудиска Арабија, Ријат. Тој беше поразен од Тејлор Фриц со 6-3 и 6-4 за само 59 минути.

Наградата за учество на овој турнир од страна на организаторот изнесува 1,5 милиони долари за секој тенисер. Тоа значи дека Зверев ќе заработи 25,423.73 долари за секоја минута помината на теренот или 423.73 долари за секоја секунда.

Слично помина и Циципас, тој играше само еден меч, загуби од Јаник Синер со 6-2 и 6-3 за 1 час и 16 минути. Грчкиот тенисер исто така ќе добие 1,5 милиони долари, што значи 19,736.84 долари за еден час, односно 328.95 за една секунда.

На турнирот на најдобрите шест тенисери, Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ почнуваат директно од полуфиналето.

Тејлор Фриц ќе игра против Карлос Алкараз, а Јаник Синер ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.