Кејн е подготвен за дербито меѓу Баерн и Дортмунд

Баерн Минхен утре ќе ја пречека Борусија Дортмунд во дербито на колото во Бундеслигата, а тренерот Томас Тухел соопшти добри вести за актуелниот шампион.

Тухел потврди дека англискиот голгетер Хари Кејн е подготвен за настап против „милионерите“.

„Хари тренираше со екипата вчера и сè е во ред. Тој ќе настапи во дербито“, кажа Тухел.

Баерн е второпласиран во германската лига со 60 бодови, односно 10 бода помалку од лидерот Баер Леверкузен.