
Катарците решени да го купат Јунајтед – втората понуда ќе биде скоро 5,5 милијарди евра
Според последните информации Катарците ја подготвуваат понудата која за безмалку една милијарда евра ќе биде поголема од првата која изнесуваше 4,5 милијарди евра, но беше незадоволителна за Глејзери, иако дополнително Бин Јасим даваше гаранции за скоро две милијарди евра плус инвестиции во реновирање на „Театарот на соништата“ и изградба на модерен тренинг-центар наместо досегашниот застарен во Карингтон.
Вториот понудувач за Манчестер јунајтед, еден од најбогатите Британци, Џим Редклиф со својот гигант „Инеос“ најавил дека ќе испрати нова понуда, откако исто така првата беше како катарската од 4,5 милијарди евра, но според информациите тешко дека ќе биде иста како на Бин Јасим, зашто објави дека преголемо фрлање на пари за клубот нема да има и е - залудно.
Инаку Бин Јасим сака да ги купи комплетно 100 отсто од акциите на клубот, додека Редклуб со понудата беше зза 69 отсто од акциите.