Карло Анчелоти ќе биде нов тренер на Наполи?

Италијанските медиуми објавија денеска дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис веќе има подготвено замена за актуелниот кормилар Маурицио Сари и тоа во Карло Анчелоти,

Како што објави „Калчо 24 Наполи“, само еден ден откако се појавиле првите шпекулации дека бившиот тренер на Баерн, Реал Мадрид, ПСЖ, Челси, Милан, Јувентус и Парма можно е да го наследи Сари, договорот веќе е постигнат помеѓу него и Де Лаурентис. Конечните преговори наводно треба да се случат идниот понеделник, иако некои меидуми шпекулираат дека тоа е можно да се случи и до крајот на оваа недела.

Откако Наполи ја загуби битката за „скудетото“, Де Лаурентис го обвини Сари дека е највиновен што титулата по три децении не дојде сезонава под Везув, па се поизвесно е дека соработката со актуелниот тренер ќе се прекине, иако Сари има желба под одредени услови (најмалку финансиски) да остане во Неапол.
Сари има договор со Наполи до јуни 2020 година, но во последно време се најавува како иден менаџер на Челси, кој е одготвен да му даде осум милиони евра годишна плата, што е речиси трипати повеќе од тоа што сега го заработува.