Јувентус заработи вистинско богатство од дресовите на Роналдо

Јувентус направи одличен трансфер со ангажирањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за 105 милиони евра, а неговото доаѓање ја зголеми заработката на „старата дама“.

Официјалните податоци за заработка во првите 24 часа доволно зборуваат за тоа колку е подобар маркетинг делот на Јувентус.

За само еден ден Јувентус заработил дури 50 милиони евра од продажба на дресови на Португалецот, а таа цифра секојдневно се зголемува.

Роналдо ќе добива плата од 30 милиони евра годишно, но сигурно на Јувентус ќе му се исплати трансферот.