Јувентус лесно и убедливо против Фрозиноне (ВИДЕО)

Јувентус втор натпревар по ред доаѓа до идентична победа од 3-0. Откако минатото коло славеше кај Сасуоло со овој резултат, вечерва актуелниот шампион го совлада Фрозиноне во рамки на првиот натпревар од 24.коло во Серија А. 

Натпреварот беше решен по само 17 минути на „Алијанц“. Пауло Дибала со „бомба“ од далечина погоди за 1-0 во шестата минута, а на 2-0 зголеми Леонардо Бонучи во 17-тата минута. Точка на победата на „Старата дама“ стави Кристијано Роналдо, кој ја продолжи фантастичната форма и за него ова беше петти гол на последните четири натпревари во Серија А.