Јувентус краде ѕвезда на Милан и тоа - бесплатно!?

Италијанските медиуми минатиот месец објавија дека Јувентус ја следи будно ситуацијата со Хакан Чаланоглу во Милан, кој има договор до крајот на сезоната со „росонерите“, а сега наводно „Старата дама“ го направила првиот чекор.

Чаланоглу не сака да го продолжи договорот со „росонерите“, па поради тоа Јувентус наводно почнал преговори со Турчинот, на кој му нуди годишна плата од пет милиони евра.

Доколку турскиот фудбалер потпише за Јувентус, тогаш Милан ќе го ангажира Хенрик Михтарјан како замена за Чаланоглу, и тоа како слободен фудбалер зашто му завршува соработката со Рома.