Јунајтед ја демолираше Астон Вила, ита кон пласман во Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед се препороди по паузата која настана поради панемијата со коронавирус, а доказ за тоа е и денешниот натпревар против Астон Вила, кој го доби со убедливи 3-0.

Јунајтед поведе со голот на Бруно Фернандеш по еден крајно сомнителен пенал, пред истекот на првото полувреме мрежата на домаќините ја затресе и Гринвуд, кој полека прераснува во вистинска ѕвезда. Гостите во 58. минута дојдоа и до 0-3, откако Бруно Фернандеш од корнер го пронајде Погба, а овој со хируршки прецизен удар го матираше Пепе Реина.

По комплетираното 34. коло во Премиер лигата, Јунајтед е на чекор до пласман во Лигата на шампионите и има само еден бод помалку од четвртопласираниот Лестер, додека два од Челси. Од друга страна Астон Вила е 19-та и речиси сигурно наредната сезона ќе игра во понизок ранг.