
„Јас да завршев четврти со Челси во Премиер, Абрамович ќе ме пратеше на – Сибир!“
Челси е поранешен англиски и европски првак, клубот доживеа ренесанса откако рускиот олигарх Роман Абрамович го презема клубот и го изгради во гигат, но... Грант смета дека Челси постигнал максимум зашто цела година не смееше да прави трансфери поради казната од ФИФА, но истакна дека во негово време овој пласман ќе бил – неуспех!
„Ако се погледне реално комплетната ситуација, каков фонд на играчи имал тимот, фактот дека не смееше Челси да купува засилувања, сезоната е добра, може да се каже дека и пласманот е прифатлив. Но, не е успех. Јас да кажев дека четврто место за Челси е успех во Премиерлигата, сигурно Абрамович ќе ме пратеше на – Сибир!“, вели Израелецот.
Грант беше менаџер на Челси во сезоната 2007/80, кога „сините“ станаа премиерлигашки вицепрваци, а играше и финале во ЛШ, кое го загуби на пенали во Москва од Манчестер јунајтед. „Сините“ во 2012 година станаа европски прваци.