Интер пред голем трансфер: Доаѓа најголемиот италијански талент во Милано!?

Интер се наоѓа пред реализација на голем трансфер, а нов фудбалер на „нераѕурите“ треба да биде еден од најталентираните италијански фудбалери Сандро Тонали, кој ќе потпише договор до 2025 година.

Тонали се поврзуваше со многу клубови, како Барселона, Јувентус, Милан, Челси, но на крајот 20-годишниот фудбалер најверојатно ќе потпише за Интер.

Младиот фудбалер ќе добие договор до 2025 година, а наводно ќе заработува по три ипол милиони евра годишно.